Фото: Shutterstock.com

За користење на Google Search, поточно задржување на досегашното корисничко искуство, вклучувајќи одредени функции, како и квалитетот на резултатите, корисниците ќе мора да го вклучат JavaScript програмскиот јазик. 

Како главна причина за оваа одлука од Google ја истакнуваат желбата да се заштити сервисот од малициозни активности, какви што доаѓаат од „ботовите“, како и спам активностите. 

JavaScript е програмски јазик кој се користи при развојот на веб страни, поточно делот кој ги прави интерактивни и им овозможува да извршуваат одредени активности. 

Дел од корисници ја исклучуваат можноста JavaScript да функционира на страните, а тоа го прават како начин да се заштитат од малициозен софтвер, како и за заштита на приватноста. 

Според Google помалку од 0,1% од нивните корисници го исклучуваат овој програмски јазик, но кога ќе се земе во предвид колку пребарувања се прават во текот на денот, оваа бројка реално не е толку мала. 

Одредени корисници сметаат дека главната причина за оваа одлука на компанијата е блокирање на можноста за функционирање на алатките кои прикажуваат одредени трендови на Google Search, како и алатки со вештачка интелигенција за SEO. 

Голем е бројот на корисници користат различни алатки со цел да овозможат што подобро рангирање на нивата страна, односно страните на нивните клиенти, па Google со години се обидува да ги блокира овие практики. 

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаWindows 11 изгледа конечно ќе добие можност за прикажување на процентот на батеријата на компјутерот
Следна статијаСем Алтман препорачува да се намалат очекувањата дека OpenAI идниот месец ќе претстави вештачка општа интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.