kickasstorrents

Борбата против Torrent сајтовите може да се каже дека никогаш не била поголема, односно никогаш на била стигната до ова ниво на успешност. Поголемиот број на најпознати сајтови е затворен, па корисниците имаат се помал избор од каде да ја симнуваат бараната содржина, се разбира освен можност за купување од легални извори.

KickassTorrents стана еден од најпознатите сајтови за симнување на филмови и друга пиратска содржина, по затворањето на The Pirate Bay. Меѓутоа, како што можевме да прочитаме при крајот на минатиот месец и овој сајт стана недостапен по апсењето на наводниот сопственик и запленувањето на домејните.

Домејнот kat.am сепак по одреден период станува ослободен од страна на регистарот во чија сопственост бил, па е земен од страна на група која го има рекреирано KickassTorrents сајтот, меѓутоа не како што корисниците би се надевале.

Овој сајт, на прв поглед изгледа исто како оригиналниот, па дури изгледа дека се достапни и фајловите од базата на KickassTorrents. Сепак, кога корисниците ќе се обидат да симнат некој торент, од нив се бара да креираат бесплатна сметка, која покрај другите информации, бара внесување на податоците од кредитните картички.

Ова нема потреба да се нагласи дека веднаш е познато дека се работи за измама, па корисниците не треба да креираат никаква сметка. Оригиналниот сајт никгаш не бараше од корисниците креирање на сметка за симнување на фајловите, а тие што имаат креирано сметка, немаа потреба од внесување на кредитни картички.

Воопшто не е чудно што некој решил да се обиде да заработи на овој начин, интернетот е полн со вакви сајтови. Ова дополнително ќе влијае во влошувањето на состојбата со торент сајтовите, а корисниците можно е постепено да се одлучуваат за легалните алтернативи.

Извор: TorrentFreaks, TNW

Претходна статијаKyocera DuraForce Pro е смартфон и акциона камера во едно
Следна статијаСевернокорејските атлетичари нема да ги добијат бесплатните Galaxy S7 Edge телефони од Samsung
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.