Масовноста со која се симнува пиратската содржина и покрај големите обиди за намалување на оваа активност, е нешто што големите студија никогаш не успеаја да го прежалат. Корисниците едноставно сакаат да го симнат бесплатно филмот што сакаат да го гледаат или музиката што сакаат да ја слушаат, а тоа не е случајот само со посиромашните земји, каде и голем дел од таа содржина не е легално достапна.
Методите кои се користат за намалување на симнувањето на пиратската содржина се многу. Сите имаме читано за случувањата со The Pirate Bay и обидите за гасење на оваа страна и сличните како неа.
Како што гледаме, овие методи имаат само мало и краткорочно дејство, па компаниите изгледа ќе се насочат кон пософистицирани.
NBC Universal се здоби со патент, поднесен уште во 2009, којшто треба да се користи од страна на интернет провајдерите за откривање и блокирање на сообраќај кој вклучува пиратска содржина.
Системот којшто е предмет на петентирање го следи P2P сообраќајот за споделување на фјалови од страна на големи групи на корисници, како што е случајот со Torrent споделувањето. Во комбинација со откривање на типот на фајл што се споделува, би се очекувало провајдерите да го скратат или намалат овој вид на сообраќај.
Дали овој систем навистина ќе се користи некогаш не е познато. Можеби најдобро би било студијата да се сконцентрираат кон зголемување на достапноста на нивната содржина, а со тоа и намалување на цената, наместо обиди да се натера одредена група на корисници да платат за нешто што тие не сакаат.
Извор: TNW, TorrentFreak