Фото: Shutterstock.com

Една од најпознатите апликации за шифрирани разговори, односно разговори до кој никој освен учесниците нема пристап, најави надградба на нивниот протокол за шифрирање.

Signal со надградбата на нивниот протокол треба да овозможат заштита од идно дешифрирање на разговорите и тоа од ризикот за тоа да биде направено до страна на квантните компјутери.

Во оваа фаза од развојот на овие компјутери, ризикот се’ уште не е голем и сериозен, но во иднина квантните компјутери се очекува да можат да ги дешифрираат моменталните алгоритми.

Овој ризик се нарекува „Harvest Now, Decrypt Later“ и претставува вистински ризик за кого единствено што не се знае е кога може да се очекува да стане реалност.

Страните кои сакаат да ги дешифрираат разговорите, можат да дојдат до нив денес, па да ги чуваат се до времето во иднина кога ќе бидат достапни алатките за нивно дешифрирање. Со промените кои ги воведува Signal овој ризик треба да бидат тргнат или барем намален.

Алгоритамот кој ќе продолжат да го користат од Signal е хибриден, односно ќе ги содржи моменталните алгоритми, заедно со новиот, нешто што треба да го отежне дешифрирањето на разговорите.

Signal Protocol се користи и од други апликации, како што е WhatsApp, на пример, па работата на Signal може да се каже дека е од не баш така мало значење.

Од компанијата ги објавија и техничките спецификации за тие кои се разбираат во оваа тема стручно, па би сакале да видат какви точно промени се прават. Документот е достапен на овој линк.

ИЗВОРThe Hacker News
ИЗВОР 2Signal
Претходна статијаССК: Данокот на екстра профит создава несигурност
Следна статијаЕдноставната Paint во Windows 11 ќе добие можност за работа со слоеви
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.