CnwRwJsW8AA9xzB

Турција веќе стана позната по блокирањето на пристапот до одредени страни за своите граѓани, се разбира секогаш кога не нив има или може да има нешто што не им одговара на властите.

За време на државниот удар кој заврши неуспешно, сомнително, минатиот петок, властите не чекаа многу веднаш да ги блокираат социјалните мрежи Twitter и Facebook, но и YouTube.

Оваа недела таква информација доаѓа за страната на WikiLeaks, а за истата има најави и дека е нападната од непозната страна, но шпекулациите веднаш одат кон турските власти или групи блиски до нив.

Тоа е така поради најновата содржина која е објавена од страна на WikiLeaks. Се работи за скоро 300.000, поточно 294.548 имејлови кои наводно потекнуваат од владеачката партија AKP (Партија за правда и развој).

Имејл пораките се тврди дека се добиени од сигурен избор, а се целосни директориуми од главниот имејл домејн на партијата. Комуникацијата потекнува од 2010, па наваму.

Се истакнува дека до имејловите е дојдено една недела пред државниот удар и дека изворот на истите не е поврзан со организаторите и учесниците во ударот.

Извор: The Verge, Reuters, Al Jazeera

Претходна статијаZTE ZMAX Pro е моќен 6 инчен смартфон за само 99 долари
Следна статијаGalaxy Note 7 прикажан во ново видео
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.