Возиме.мк е сервис кој овозможува спојување на луѓето кои имаат возило и сакаат да ги намалат своите трошоци на патување, со луѓето кои патуваат некаде, но немаат возило.
Концептот е познат, посебно на запад, како ride sharing и се базира на взаемната корист што ја имаат возачот и патникот.
Како сопственик на возило, кој не ретко патува некаде, иако сервисот е корисен и за ретки патувачи, можете да најдете други луѓе кои одат во вашиот правец. Со тоа, трошокот, кој како и да е мора да го направите, ќе можете да го поделите со дополнителниот патник или уште подобро патници. Со тоа во најмала рака заштедувате барем 20% од трошокот на патувањето, а добивате и друштво за муабет по пат.
Патниците од друга страна, добиваат можност да се возат со автомобил, наместо со автобус или воз, а цената којашто би ја платиле да биде значително помала од таа на такси превозниците.
Познат и одличен концепт, кој ние мило што е достапен во нашата земја. Изработен е од страна на студенти кои како што можете да претпоставите дошле до идејата од „личната мака“.
Самата страна Возиме.мк е едноставна за снаоѓање, односно овозможува добро корисничко искуство. Се што треба да направите е да се регистрирате, па потоа можете да објавувате понуди за превоз, односно да резервирате превоз.
На сите патувачи низ Македонија, се што ви останува е да ја посетите Возиме.мк страната и да се регистрирате.