Фото: Shutterstock.com

YouTube тестира нов вид на реклами со кој ќе ја направи мрежата повеќе исплатлива за креаторите на содржина, односно ќе им овозможи да заработат повеќе. 

Новиот вид на реклами кој се тестира ги вклучува рекламите кои креаторите веќе ги користат, а тоа е промовирањето на производи во самото видео. Овој вид на рекламирање е доста актуелен кај креаторите изминатите години, но има мал недостаток. 

Креаторите сега ќе можат да ги вметнуваат овие делови од видеото посебно, односно ќе можат динамично да ги вметнат во видеата, наместо како сега тие да бидат фиксен дел од видеото. 

На овој начин креаторите ќе можат да им овозможат на огласувачите поголема флексибилност при рекламирањето, а исто така најновите реклами да се прикажуваат на постарите видеа, наместо тие да бидат оставени со постара реклама. 

Со оглед на тоа што и постарите видеа имаат голема гледаност, можноста да се продаде и тој простор како реклама е нешто што доста ќе им користи на креаторите. 

Овој начин на рекламирање моментално е достапен на дел од конкурентните платформи, а посебно тие кои се познати по поткасти. 

Ова е обид на YouTube да ги задржи креаторите на оваа мрежа кои според информации наводно повеќе заработуваат на другите мрежи. 

YouTube како мрежа сепак е нешто поразлична од другите, а корисниците доаѓаат за гледање на различни видови на содржината. Може да се заклучи и дека одредени поткасти имаат поголема гледаност на другите платформи, додека на YouTube корисниците имаат помала желба да гледаат едно видео до крај. 

ИЗВОРSemafor
Претходна статијаSamsung ја претстави новата линија фрижидери опремени со екрани и подобрена функција AI Vision Inside
Следна статијаИстражувачи од Универзитетот Пен Стејт развиваат технологија за слушање музика без слушалки и без вознемирување на околината
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.