По воведувањето на можноста веб страните да испраќаат известувања до своите читатели, голем дел од нив ја искористија оваа корисна можност овозможувајќи им на посетителите да ја вклучат истата.

Сепак, со тек на време барањата за вклучување на можноста за испраќање на известувања почна да станува проблем, во главно поради тоа што голем број на веб страни почнаа да ја бараат таа дозвола од своите корисници.

Кога се работи за веб страна каде известувањата се клучни, како сервиси за разговори, календари и слично, очекувано е да корисникот сака да ја вклучи можноста за известувања, меѓутоа многу други веб страни ја искористија можноста со надеж дека ќе ја зголемат својата посетеност.

Најновата верзија од Microsoft Edge, поточно верзијата 84, воведе нова функција наречена „Quiet notifications requests“ која може да се каже дека става крај на здодевните барања за известувања, без притоа да мора да ги блокирате истите и да не може да ги вклучите кога е потребно.

Тоа што го прави оваа нова функција е тргање на барањето за известување, со што истото веќе нема да му додава на корисникот, но го прави достапно преку посебна икона во лентата за адреси. Со тоа, корисниците нема да мора да ги откажуваат барањата, но истите нема да им додеваат и ќе може да ги вклучат доколку сепак се работи за веб страна на која сакаат тоа да го направат.

Оваа нова функција од Microsoft се имаат одлучено да ја вклучат за сите корисници автоматски, па доколку сакате да ја исклучите, истото можете да го направите со одење во Settings > Site permissions > Notifications или директно со внесување на оваа адреса edge://settings/content/notifications.

За во иднина, најавуваат од Microsoft, планираат да иако е вклучена оваа функција, одредени барања им биде дозволено да бидат прикажани доколку за истите се има покажано дека корисниците најчесто ги дозволуваат. Со други зборови, доколку ја отворите веб верзијата од Facebook Messenger, барањето за известувања може да се прикаже стандардно поради тоа што корисници на оваа страна сепак бираат да ги дозволат.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаПредизвик за иднината: Средно образование во време на коронавирус
Следна статија„Вселенската сила“ на САД го претстави своето официјално лого и мото
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.