За време на WWDC 2019 конференција Apple ја претстави и наредната верзија од нивниот десктоп оперативен систем macOS. Catalina е името кое го носи оваа верзија, трендот на Apple за давање на посебно име на секоја верзија, која ја има бројката 10.15.
Оваа верзија не е огромна промена, како што тоа на пример е во случајот со iOS 13, но сепак донесува доволно новини кои вреди да се истакнат, а ќе го подобрат корисничкото искуство на корисниците.
Како што се очекуваше пред почетокот на конференцијата, Apple ја откажува старата и позната iTunes апликација, а на сметка на неа стануваат достапни три посебни апликации кои целосно ќе ја заменат оваа.
Apple Music, Apple TV и Apple Podcasts се трите нови апликации кои ќе ја заменат функцијата на iTunes во ова модерно време на консумирање на содржина. Самите имиња на апликациите ја објаснуваат нивната намена, а Apple истакнува дека тие доаѓаат и со одредени новини за разлика од претходните верзии.
Интересна и за доста корисници навистина корисна е новата функција наречена Sidecar. Со оваа функција се овозможува iPad да се користи како втор монитор на Mac компјутерите, а исто така таблет компјутерот може да се користи и како медиум за внесување на податоци, на пример преку пенкалцето и слично.

За подобра работа на Sidecar одредени апликации ќе имаат директна поддршка со што ќе се овозможи проширување на функциите на самата апликација преку поврзаниот iPad.
macOS Catalina донесува и нови можности за лицата со посебни потреби. Во овој случај се работи за можноста наречена Voice Control и како што укажува и самото име, се работи за функција која овозможува целосна контрола на оперативниот систем преку гласовни команди.
Со оваа верзија на macOS, Apple им овозможува на програмерите алатки за донесување на нивните iPad и други iOS апликации на macOS. Иако Microsoft не успеа ова да го изведе баш најуспешно, сепак е до некаде иднината на апликациите кои ќе им бидат достапни на корисниците без разлика на кој уред работат.
Како што е случајот и со другите оперативни систем од Apple, сега претставените нови верзии на корисниците ќе има станат достапни во нивната финална форма во есен, а дотогаш ќе бидат тестирани во бета форма.