Инспирирани од минатогодишните проекти за помош на општеството и хуманитарна работа, апсолвентите и студентите од втора година од Факултетот за дизајн и мултимедија, ФОН Универзитет, по сопствена иницијатива ја изразија својата креативност на ѕидовите во Домот за деца без родители „11 Октомври”.
Под менторство на професорите доц. м-р Милош Миросавлевиќ и проф. д-р Марија Ветероска и иницијатива на Тамара Грозданова, се започна првиот дел од проектот за разубавување на просториите на домот.
Тимот кој ја заврши реконструкцијата е составен од Мирјана Бошковиќ, Иван Мокров, Анастасија Јовческа, Тео Марковиќ, Харис Муриќ, Мартин Петровски, Зафир Јованов, Каролина Николова, Марија Чекичевска и Тамара Грозданова.
Инаку ова е четврта година во која Факултетот за Дизајн и мултимедија во рамките на програмата за општествена одговорност прави реконструкција на објекти. Во минатите години беа реконструирани и дел од живеалиштата во Зоолошката градина и соби во детскиот оддел на клиниката за онкологија.
Во продолжение слики од текот на работата и резултатот од истата.