РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот – возачи, патници, велосипедисти и пешаци, да бидат особено внимателни и одговорни при учество во сообраќајот за време на претстојните Велигденски празници.  

Велигден е празник на заедништвото, семејството и духовна радост, и за време на истиот се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Затоа РСБСП потсетува дека безбедноста на сообраќајот на патиштата е заедничка одговорност на сите нас и само со совесно и одговорно однесување можеме да го зачуваме секој живот.

Апелираме до сите возачи: 

– Почитувајте ги ограничувањата на БРЗИНАТА на движење и пропишаната сообраќајна сигнализација; 

– НЕ управувајте возило под дејство на АЛКОХОЛ и ЗАМОР;  

– Прилагодете ја брзината на движење кон условите и состојбата на патот;  

– Користете сигурносен ПОЈАС;

– НЕ користете МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за време на управување со возило;

Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење – но и обврска да придонесат за тоа. 

Велигден е празник на нови почетоци, за љубов и радост во семејството – не дозволувајте една непромислена одлука да ги засени овие вредности.

РСБСП им посакува на сите граѓани среќни, мирни и безбедни празници. Да го дочекаме Велигден со насмевка, да бидеме одговорни и внимателни учесници во сообраќајот.

Среќни Велигденски празници.

Претходна статијаAndroid уредите автоматски ќе се рестартираат после три дена некористење
Следна статијаMicrosoft најави неколку новини кои доаѓаат кај Photos апликацијата во Windows