Concept art of the Galaxy X by YouTube channel TechConfigurations

Директорот на Samsung Mobile, Диџеј Коу, повторно во разговор со медиумите во САД, излезе со информација околу долгоочекуваниот Galaxy X или Galaxy F или како и да биде официјалното име на овој уред кога ќе биде претставен и пуштен во продажба.

Се работи за Samsung уредот којшто треба да има екран на превиткување, а со тоа и можност да се користи како два различни уреди, зависно од потребата. Сепак, досега освен неофицијални информации, немаше информација која ќе ни каже на кој начин ќе се превиткува овој уред, односно како ќе функционира.

Во разговор со Cnet за време на претставувањето на Galaxy A9 смартфонот со 4 камери на задната страна, Диџеј Коу истакна дека уредот на превиткување би се користел како таблет компјутер со разни функции за мултитаскинг, а би имал можност да се превитка како книга и да се користи како мобилен телефон.

Ова според нас е најлогичниот начин на којшто би требало да функционира овој уред за да може да се каже дека ќе биде корисен и навистина револуционерен. Веруваме дека ќе биде револуционерен поради фактот што од претставувањето на iPhone, смартфоните во главно добиваат поголеми екрани, подобри компоненти и слично, меѓутоа начинот на користење, вредноста што ја нудат, во главно е останата непроменета.

Можноста да се има уред со големина на екран како таблет компјутер, за гледање на видео, слики, читање книги и други работи, уред којшто потоа ќе може да се преклопи и во помал формат да се носи и користи како мобилен, ќе го промени начинот на којшто ги користиме овие уреди. Кога не тоа ќе се додаде можноста да се поврзат со поголем екран, тастатура и глувче и да се користат како десктоп компјутер, сигурно не чека иднина кога овие уреди ќе бидат единствените кои ќе ни требаат за повеќето наши активности.

Според најавите, овој уред би требало да биде претставен идниот месец, а како што истакна Диџеј Коу, тој нема да биде само прототип и нема да го снема после некој месец. Исто така тој најави дека уредот ќе биде достапен во целиот свет.

Колку оваа технологија се’ уште е во развој, па се чека доволно за да може да биде пуштена во употреба, а ќе биде популарна, доказ е најавата и од други производители дека ќе претстават ист или сличен уред. Huawei веќе најавуваат дека ќе го „престигнат“ Samsung и ќе бидат првите кои ќе претстават ваков уред, а тука се и Microsoft за чиј патент можевме да прочитаме денес.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Tom's Guide
Претходна статијаDuckDuckGo има значителен раст на пребарувањата после повеќе години на постепен раст
Следна статијаFacebook излезе со детали околу последното хакирање, а еве и како да видите дали сте дел од истото
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.