vlc-winrt-kickstarter-100248984-orig

VLC Player е позната open source програма достапна за Windows веќе подолг период. Истата е позната по едноставноста, добрите перформанси и се разбира можноста за пуштање на скоро секој видео формат без потреба од инсталирање на додатоци, односно codec-и. Исто така покрај достапноста на Windows, VLC е достапен и на останатите познати платформи, односно повеќе Linux дистрибуции и OS X.

Според твит од Video LAN, проектот што стои позади развојот на player-от, во понеделник конечно ќе биде достапна „модерна“ верзија во Windows 8 Store, односно продавницата за апликации. Истата на почеток се очекува да биде достапна само за x86 процесорите, односно нема да биде достапна на RT верзијата која што е наменета за таблет компјутерите. Меѓутоа ако тоа биде случајот, се очекува многу брзо да биде претставена и ARM компатибилна верзија. Исто така во најава е верзија за Windows Phone оперативниот систем, што најверојатно би била претставена заедно со ARM верзијата.

VLC Player требаше да биде достапен за модерната верзија од Windows уште одамна. Video LAN за изработка на верзијата побара средства преку Kickstarter и истите успеа да ги добие, меѓутоа поради проблеми со работењето на апликацијата и багови истата беше одложена на неодредено време.

Извор: PCWorld

Претходна статијаFacebook со нов редизајн, ќе биде достапен во наредните недели за сите корисници
Следна статијаЛинкови до Windows 8.1 Update 1 протекоа на интернет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.