Material Design е името со кое што Google го нарекуваат новиот стил во кои што е направен Android L, нешто што постепено ќе го вклучат и апликациите на овој оперативен систем. Google, за програмерите полесно да почнат да го применуваат овој дизајн стил, има издадено правилник во кој што точно се објаснети принципите на дизајнот. Play продавницата веќе го доби овој нов изглед во Јули, па се чекаше да се види која ќе биде наредната апликација.
Material Design, како што тоа е популарно кај повеќето во денешно време, вклучува порамни делови на кои што боите се подобро истакнати. Исто така овој дизајн стил вклучува нови анимации кои што од тоа што досега можеше да се види, изгледаат одлично и доаѓаат како добро освежување за новата верзија од оперативниот систем.
Најновата верзија од Google Chrome прелистувачот за Android уредите која што е достапна за корисниците од вчера, покрај другото, го вклучува и новиот Material Design. Кога ќе го вклучите прелистувачот веднаш ќе ја забележите порамната лента на горната страна која што веќе не вклучува нијанси од бои, туку една боја. Исто така, при вклучување на менито ќе забележите дека истото има нова анимација за неговото движење.
Другите промени кои што доаѓаат со оваа верзија од Chrome за Android вклучуваат автоматско најавување на вашите Google страни доколку се најавите со вашата сметка на прелистувачот, како и доста исправки на багови и подобрување на перформансите.
Google Chrome е достапен во Play продавницата за апликации и можете да го надградите или симнете преку следниот линк.