Како што можевме да прочитаме изминатите две недели, Flash додатокот, меѓу другите, содржи 3 безбедносни пропусти кои што можат потенцијално да предизвикаат проблеми. Првиот пропуст, кој што веќе е закрпен, беше и веднаш искористен од страна на развивачите на малициозен софтвер, додека двата нови се чека да бидат закрпени до крајот на оваа недела.
Информациите за постоењето на овие безбедносни пропусти излегоа во јавноста по „протекувањето“ на повеќе од 400 гигабајти на информации украдени од италијанската компанија Hacking Team. Оваа компанија работи со развој на популарно наречен шпионски софтвер наменет во главно за владите.
Како што би се очекувало, постоењето на пропустите налага паузирање на користењето на Flash додатокот, барем додека не биде издадена новата закрпена верзија.
Од Mozilla решија да не ја остават оваа препорака целосно на своите корисници, а факт е дека голем број од нив нема да ја имаат оваа информација или способност да ја спроведат, па го исклучија Flash додатокот во Firefox прелистувачот.
Се разбира корисниците кои што сепак сакаат да го користат додатокот ќе можат слободно да го реактивираат.
Информацијата доаѓа од Марк Шмит, главниот за поддршка во Mozilla, преку неговиот Twitter профил.
BIG NEWS!! All versions of Flash are blocked by default in Firefox as of now. https://t.co/4SjVoqKPrR #tech #infosec pic.twitter.com/VRws3L0CBW
— Mark Schmidt (@MarkSchmidty) July 14, 2015
Flash додатокот веќе одамна е критикуван поради неговата подложност на пропусти кои не ретко се појавуваат. Со развојот на HTML5 се поголем дел од содржината се трга од користењето на Flash, меѓутоа овој додаток се’ уште останува масовно користен, па притисокот за неговиот крај се зголеми оваа недела, повторно.