Vivaldi е интернет прелистувач направен на база на Chromium, а развиен од страна на еден од основачите и поранешен главен директор на Opera. Идејата за овој прелистувач се појавува по одлуката Opera да почне да се прави на база на Chromium и да ги изгуби сите оние карактеристични функции кои што сепак за жал не успеаја да ја задржат публиката.
Денеска убедливо најмногу користен прелистувач е Google Chrome, па не е ни чудо што многу се одлучуваат да развијат алтернативен прелистувач токму на основа на кодот на кој што е направен Chrome, кој што е со отворен код (Chromium).
Vivaldi прелистувачот веќе подолг период е достапен во Technical Preview верзија за програмерите, но и за сите заинтересирани корисници. Направен на база на Chromium, меѓутоа доволно развиен за да биде навистина уникатен.
Се обидува да ги привлече напредните корисници кои што сакаат повеќе функции од прелистувачот кој што го користат, целосно обратен правец од тој по кој што одат останатите конкуренти.
Па така, во Vivladi ќе можете да ја најдете познатата лента од Opera на која што може да се разгледуваат омилените страни, симнатите податоци, Vivaldi email клиент (се’ уште недостапен), дел за белешки, а корисниците можат и самите да додаваат додатни делови.
Покрај тоа, прелистувачот нуди поголем број на прилагодувања кои што овозможуваат истиот да биде прилагоден детално по потребите на корисникот.
Фактот што е направен на основа на Chromium доаѓа до израз во некои од прилагодувањата, а исто така достапни се и додатоците од Chrome продавницата.
Од оваа недела достапна е бета верзија од Vivaldi што значи дека прелистувачот е спремен за пошироката публика. Корисниците иако и досега можеа да го инсталираат прелистувачот, сега може да бидат сигурни дека тој ќе функционира многу подобро од тест верзијата, па и обичните корисници може да му дадат шанса.
Vivladi прелистувачот можете да го симнете преку следниот линк, а ние би ви препорачале да го пробате доколку ви има здодеано од вашиот стандарден прелистувач.
Симни го Vivaldi за Windows, OS X или Linux
Извор: Vivaldi