facebook_messenger

На ден пред почетокот на Mobile World Congress 2014 (MWC 2014) конференцијата, Microsoft одржа прес конференција на која што даде одредени информации поврзани со развојот на Windows платформите во наредниот период за кои што редовно излегуваат неофицијални информации.

На прес конференцијата разговараше Joe Belfiore, човекот познат на корисниците на Windows Phone, па покрај другите информации, ја најави достапноста на Facebook Messenger апликацијата за Windows Phone 8. Апликацијата ќе работи независно од главната Facebook апликација како и на другите платформи. За тие што можеби не сте запознаени, Messenger е посебна апликација од Facebook специјално направена за испраќање пораки со пријателите преку мобилните уреди. Достапна е и многу популарна веќе подолг период на Android и iOS.

Ова е можеби една од најбараните апликации на сеуште сиромашната платформа, па корисниците сигурно ќе бидат задоволни, а ќе придонесе за популаризирање на истата, како и привлекување на нови апликации. Joe Belfiore исто така најави доаѓање на други барани апликации оваа година, иако не нагласи кои се тие. Исто така нагласи дека имаат работено на апликацијата заедно со Facebook веќе одреден период и дека работата е при крај.

Точната дата на официјално пуштање на апликацијата не е објавена, туку само најавата дека истата ќе биде во наредните недели.

Извор и слика: WPCentral

Претходна статијаОд утре почнува Mobile World Congress 2014
Следна статијаSamsung ги претстави новите Gear 2 и Gear 2 Neo паметни часовници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.