H1452661511762_x86_banner

Remix OS е изменета верзија од Android оперативниот систем којашто е направена да изгледа повеќе како десктоп оперативен систем отколку како систем за мобилните или таблет компјутерите.

За првпат беше претставен како оперативен систем со којшто доаѓа Remix Mini, мини компјутер од истата компанија, Jide, којашто го претстави уредот преку Kickstarter кампања.

Интересното кај Remix OS е што корисниците ги добиваат сите апликации достапни во Play Store, но со кориснички интерфејс прилагоден за користење како десктоп компјутер. Тоа значи дека системот доаѓа со таскбар, старт копче, можност за користење на апликациите во намалени прозори, како и на целиот екран, центар за нотификации којшто се прикажува од десната страна, можност за користење на сите функции на маусот и тастатурата и слично.

Y1450438285747_en2-1

Според многу коментари од другите портали, а и ние би се сложиле, Remix OS е оперативен систем каков што требаше да биде Chrome OS од Google.

Почнувајќи од оваа недела, Remix OS станува достапен за симнување и можност да се инсталира на било кој друг компјутер којшто го имаат корисниците, односно на компјутерите коишто работат на x86 архитектурата (Intel). Сепак се работи за нов оперативен систем, па процесорот мора да биде 64 битен.

Оперативниот систем моментално е достапен во алфа верзија, што значи не е се’ уште наменет за масовно користење и од било кои корисници.

Може да се стави на USB стикче и да се подигне како било кој друг оперативен систем, а исто така може да се креира и посебна партиција, па да се користи паралелно со Windows оперативниот систем. Ова е процедура позната на секој којшто барем еднаш пробал да користи некоја од големиот број на Linux дистрибуции.

Оваа верзија од Remix OS е базирана на Android Lollipop, но се планира надградба на најновата достапна верзија од оперативниот систем.

Извор: Jide, The Verge, TNW

Претходна статијаIntel претстави нов, помоќен “Compute Stick” минијатурен компјутер со Windows 10
Следна статијаLinux 4.4 – Претставена најновата верзија на Linux кернелот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.