Веќе подолг период повеќето интеренет прелистувачи овозможуваат синхронизирање на вашите зачувани омилени страни во облакот, а за тоа се достапни и независни сервиси. Сепак, во одредени ситуации се јавува потребата да овие страни ги зачувате локално во фајл за да можете да ги префрлите на друг компјутер и слично, а посебно доколку не сте љубител на сервисите во облакот.
Исто така, како причина може да се наведе и тоа што не би се најавиле на било кој компјутер со нашата онлајн сметка за да погледнеме некој линк што го имаме сочувано.
Во продолжение ќе ви покажеме како да ги зачувате вашите омилени страни во посебен фајл на најпознатите прелистувачи.
Google Chrome
Првиот чекор што треба да го направите е да кликнете на трите цртички во десниот горен агол од вашиот прозорец на пребарувачот, па да одите во делот Bookmarks и потоа Bookmark Manager.
Откако ќе го направите тоа, ќе ви се отвори нов прозорец, па кликнете врз текстот Organize. Тука ќе ви се појави drop-down мени на кое ќе треба да одберете Export bookmarks to HTML.
Следно што треба да направите е да го впишете името на документот и да ја одберете локацијата каде ќе го сочувате документот. Со ова ги сочувавте вашите омилени страни како посебен фајл.
Mozilla Firefox
Доколку користите Mozilla Firefox, кликнете на табличката што се наоѓа веднаш до лентата за пребарување. Ќе ви се отвори мени со повеќе опции, одберете Show all Bookmarks.
Откако ќе го кликнете ќе ви се отвори нов прозорец, односно многу сличен како тој на Google Chrome. Кликнете на копчето каде што пишува Import and Backup. Во новите понудени опции ќе треба да одберете истото што и на Google Chrome, Export Bookmarks to HTML, дадете име на фајлот и одберете локација каде да го сочувате.
Internet Explorer
Доколку користите Internet Explorer, ова може да го направите со кликнување на звездичката во десниот горен агол од вашиот прозорец и потоа на стрелката до Add to favorites, па кликнете на Import and Export.
Microsoft Edge
За оние што користат Microsoft Edge неможат да направат експорт како на останатите пребарувачи, туку Edge директно ги сочувува во документ во
“C:\Users\[USERNAME]\AppData\Local\Packages\Microsoft.MicrosoftEdge_8wekyb3d8bbwe\AC\MicrosoftEdge\User\Default\Favorites”
Откако ги направивте чекорите за некој од горе наведените пребарувачи вие веќе ги имате вашите сочувувани омилени страни и како бекап, па може да ги користите на било кој компјутер.
Следно што треба да направиме е да направиме Import на истите тие. Import – от е во суштина ист како Export – от само што наместо Export, одбираме Import Bookmarks from HTML. На Google Chrome тоа би изгледало исто како погоре само што наместо Export одбираме Import.
Истото ќе треба да го направите и доколку користите некој од другите пребарувачи Firefox или Internet Explorer.