Веќе имавме пишувано за neoTV, интернет телевизијата од Неотел и можностите кои им ги нуди на корисниците. Една од најголемите предности кои ги нуди neoTV во споредба со останатите понуди на пазарот е можноста да со овој уред го направите секој телевизор паметен.
Што значи да го направите секој телевизор паметен ?
neoTV уредот е направен на основа на Android оперативниот систем, па со тоа корисниците добиваат пристап до сите апликации кои се веќе навикнати да ги користат на нивните мобилни уреди. Се разбира тука се и дополнителните апликации кои се наменети за користење на телевизорите, па можноста за одлично корисничко искуство е целосно отворена.
Со приклучување на neoTV уредот на вашиот телевизор, без разлика дали е постар модел или понов, вие добивате пристап до сите овие апликации, со што телевизорот веќе влегува во категоријата на паметни уреди.
Покрај можноста за инсталирање на Android апликациите, со neoTV уредот добивате и можност да го поврзете вашиот мобилен уред, па со тоа да прикажувате слики, на пример, од одмор на голем екран.
Со цел најдобро да ви прикажеме како neoTV може да го користите со цел „опаметување“ на вашиот телевизор, снимивме кратко видео на кое ќе можете да ги видите сите можности на овој Android уред.