Претпоставувам дека голем дел од вас веќе се запознаени со новата македонска апликација наменета за повикување такси без потреба од повикување на контакт центрите на такси компаниите. Claxi директно ве поврзува со такси возачите преку мобилната апликација моментално достапна за Android корисници, а iOS верзијата е веќе во изработка.
Користењето на апликацијата е многу едноставно и за истото можевте да прочитате во последната статија од минатата недела. Сепак доколку сакате да дознаете уште повеќе за апликацијата, односно како преку истата да повикате такси, сега истото можете да го видите и преку посебно направеното видео.
Видеото е направено од развивачите на апликацијата и на едноставен начин ви го објаснува процесот. Истото можете да го погледнете во продолжение.