Доаѓањето на свиткани, флексибилни и слични екрани го чекаме веќе може да се каже две години, односно многу повеќе, но ова се годините кога почнаа да излегуваат првите најави за оваа технологија.
Од тоа што може да се види, оваа година ќе видиме напредок во технологијата на екрани, но комерцијалните производи наменети за корисниците, би требало да се појават од идната година.
На MWC 2016 во Барселона настанот една британска и прилично непозната за повеќето компанија, FlexEnable, прикажа прототип на LCD екран којшто тие го развиваат и кој може да биде свиткан за разни потреби.
Овој екран тие го нарекуваат OLCD, односно Organic Liquid Crystal Display, во којшто се користат пластични транзистори развиени од компанијата за добивање на флексибилноста. Овие транзистори можат да бидат поставени на повеќе површини на коишто е потребно.
На MWC тие претставија еден вид на алка или паметен часовник, односно екранот е поставен на цврста и ограничувачка површина, а целта е да се покаже што може да се постигне со нивната технологија. Од компанијата истакнуваат дека нивната технологија е доволно развиена и е спремна за користење во комерцијални производи, нешто што тие не го прават, но најавуваат веќе договорени соработки со производители на уреди.
Од компанијата исто така истакнуваат дека вистински флексибилните екрани, нешто што моментално не е нивниот, се очекува да дојдат со користење на OLED технологијата, меѓутоа оваа технологија има уште потреба од развој.
На MWC FlexEnable најави дека нивната технологија може да се користи за повеќе намени, а една од поинтересните е прикажувањето на сензор за отисоци од прсти кој може да се намотка на квака од врата за брзо отклучување.
Извор: FlexEnable, The Verge