Отсега, читачите за отпечатоци на прсти ќе можат да се вметнат на уште помали површини – на пример на копчињата за гласност на Вашиот телефон и ќе бидат многу побезбедни. Synaptics претстави нов таков читач, кој има ширина од само 3,5 милиметри и кој ќе знае дали пробувате да го отклучите со вистински прст.
Досегашните читачи за отпечатоци на прсти, можат да бидат излажани со ископиран отпечаток од прстот на светла површина. Затоа, Synaptics има вградено нова SentryPoint технологија, која содржи специјални алгоритми што можат да проценат дали корисникот пробува да го отклучи телефонот со вистински прст или пак тоа сака да го направи со копија.
Скенерот ќе биде и многу мал – ќе може да се смести во многу помали копчиња од тоа што беше случај досега, што значи дека почесто ќе го гледаме во тенките Android телефони, кои сега нема да мора да имаат читач – копче напред, како што е случајот со iPhone или Galaxy S6. Новиот читач сепак сеуште не е подготвен за масовно производство – се очекува да го видиме во првите продукти во третата четвртина од годинава.
Покрај скенерот за отпечатоци, Synaptics спрема и нова ClearForce технологија за препознавање на притисок со допирање на дисплејот – исто како 3D Touch на Apple. Ова значи дека таквите можности веќе нема да бидат ексклузивни само за iPhone корисниците, туку ќе почнат да бидат вградувани и во многу други смартфони, а Synaptics најави и вградување во мултимедијалните системи во автомобилите.
Овие и уште неколку други технологии од арсеналот на Synaptics, ќе бидат претставени на Mobile World Congress саемот во Барселона, кој почнува од 22 Февруари.
Извор: Engadget, Tom’s Hardware, Synaptics