computer-generated-image-of-proposed-tesla-motors-gigafactory_100479294_m

Tesla газат. Толку газат што не постои друга автомобилска компанија која може моментално да ги стигне во нивната бранша и покрај тоа што имаат ѕверски конкуренти како BMW, Mercedes, Honda, Chrysler и сличните.

Секако, зборуваме за електрични возила. А, кога веќе зборуваме за овие возила, треба да кажеме дека енергијата за нив ќе доаѓа од – обновливи извори! Токму така. Ако не знаете, ние веќе спомнавме за Gigafactory, една огромна „фабрика“ за батерии кои ќе бидат произведени, полнети и распоредени по разните Tesla возила по САД. По проценката од Tesla, таа ќе ја скрати цената за создавање на нивните литиум-јонски батерии за цели 30% што е огромно подобрување.

tesla-gigafactory-march-2016-shown-in-drone-footage-posted-to-youtube-by-above-reno_100551236_m

Идејата е да биде една огромна фабрика (најголемиот единечен објект на светот по површина) која целосно ќе биде покриена на сопствената површина со сончеви панели. На овој начин ќе се полнат батериите, а 6.500-те работници ќе ги пакуваат и спроведуваат до возилата.

Дополнително, поради даночните закони во Невада, ако постигнат одредени критериуми како одреден број на вработени, процент на енергија создадена од обновливи извори и слично, ќе можат да искористат даночно олеснување од цели 1 милијарда долари во 20-годишен период.

Ете толку се милијарда долари кои ќе ги заштедат (или добијат, зависи како гледате на ситуацијата) со ваквиот влог. Тие секако ќе можат да ги искористат за произведување уште подобри возила, унапредување на технологијата на батерии или помагање на Маск за освојување на Марс.

Сето тоа ќе биде помогнато од Gigafactory. Браво Tesla!

Дополнителни информации: Green Car Reports, The Verge, Fortune, Fool

Претходна статијаApple ќе прави редизајн на iPhone на три наместо на секои две години?
Следна статијаМетан горивото достапно на Бензинската станица „Партизанска“ на Макпетрол