tesla-model-3-press-images-003

Tesla Motors оваа недела го претстави својот најнов електричен автомобил, наречен Model 3. Овој модел беше најавен пред скоро 2 години, а ќе им биде достапен на купувачите од 2017 година.

Model 3 е претставен како најважниот модел за Tesla. Причината за тоа е цената по којашто може да се купи, која треба да го направи Model 3 достапен за широките маси, а со тоа бројот на електрични автомобили значително да се зголеми.

Исто така, Tesla веќе доби доволно искуство во развојот на претходните модели, па може да се каже дека новите модели кои ги вадат се спремни за нормално и секојдневно возење.

Tesla Model 3 е седан возило кое во дизајнот е еден вид на комбинација на досегашните модели од компанијата. Во внатрешноста го задржува модерниот стил којшто вклучува голем екран за контролирање на сите системи, како и автопилот системот за самоуправување на автомобилот.

Новиот модел на Tesla ќе се продава по почетна цена од 35.000 долари, а Елон Маск најави дека во САД корисниците ќе ги чини околу 27.000 по ослободувањата за данок кои следуваат.

tesla-model-3-feat

Како што беше најавено, батеријата во овој модел ќе овозможи поминување на околу 340-350 километри, а од компанијата планираат значително да ја зголемат нивната мрежа на станици за полнење.

Од 0 до 10 километри на час автомобилот може да забрза за 6 секунди, нешто што е карактеристика на моделите од компанијата. Тие покажуваат дека електричните автомобили можат да се носат со перформансите си другите автомобили.

Model 3 исто така има простор за седење на 5 лица, како и 5 ѕвездички рејтинг за безбедност.

Во продолжение можете да го погледнете претставувањето на автомобилот на коешто Елон Маск ја објаснува и важноста од што побрзото префрлување на користење на енергија од обновливи извори.

Извор: Tesla Motors, Wired, TechnoBuffalo

Претходна статијаЦентарот за известувања во Windows 10 ќе има нов изглед и известувања од Android
Следна статијаВреме е за стартап – дел 3
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.