Стриповите се одличен формат за раскажување приказна. Буквално имаш чувство како да следиш приказна со години, течението си е преку преубави цртежи и вообичаено минимално текст. Само неопходното.
Секогаш е интересно да се види како тој формат се пресликува во ТВ серија или филм. Има многу успешни приказни. Во претходниот дел од истата колумна пишував за 5 не-толку-популарни стрипови (кај нас) кои мислам дека ќе бидат одлична забава ако ги видиме на Нетфликс, HBO или другите стриминг компании.
Еве го вториот дел од списокот (во насловите се интегрирани линкови кои водат до сајт на кој може бесплатно да ги симнете сите броеви):
6 – Kill or Be Killed

Kill or Be Killed е нешто од друга категорија. Дело на Ед Брубакер и Шон Филипс. Првиот број е објавен на 3-ти август 2016. Станува збор за крими психо фантазија која те држи во неизвесност до сам крај. Дали и кога „уличната правда“ (vigilante justice) е оправдана. Ограничена серија на Нетфликс, 10 до 20 епизоди.
7 – Farmhand

Farmhand e СФ weird дело на Роб Гилори (автор на претходниот култен стрип, Chew). Комбинација на хорор и СФ, Farmhand е приказна за чудно малку-дисфункционално семејство во кое „главата“ (дедото Џедаја Јенкинс) е фармер кој еден ден мистериозно се стекнува со знаење како да креира семе од кое растат човечки органи. Со ова, фирмата на дедо Јенкинс станува примамлива мета за корпоративна шпионажа и слични интриги.
Farmhand е колоритен хорор-СФ. Pure fun! Затоа и веќе е договорена соработка помеѓу Гилори и AMC за серија базирана врз стрипот.
8 – Gideon Falls

Gideon Falls е језива хорор приказна на пеколното дуо во светот на стриповите, Џеф Лемир и Андреа Сорентино. Поради популарноста на стрипот се планира и ТВ серијал.
Нешто налик на одличната германска серија Dark, но многу помрачна похорор приказна. Ова едвај чекам да го гледам. Морници ме лазат само од помислата на „црвениот амбар“.
9 – Bone Parish

Bone Parish од Кулен Бун и Јонас Шарв, под издаваштво на Boom!. Језива некроманска хорор приказна со елементи на Breaking Bad. Ова би било забавно за гледање во серија на Amazon Prime.
10 – Redneck

Уште еден феномален стрип со вампири (покрај American Vampire кој го спомнав во првиот дел од овој текст). Ок, вампирите се само интересен начин како да се прикажат некои од вечните инстинкти и нагони на човечкиот род – страст, насилство и се од што често произлегуваат големи трагедии. Хорор со „јужњачко“ чувство на Дени Кејст и останатите.
Буквално сите 25 броја ги прочитав во два дена. Емоционален брутален roller-coaster.