Tom Cruise arriving for the Rock Of Ages Premiere, Odeon Leicester Square, London. 10/06/2012 Picture by: Alexandra Glen / Featureflash

Том Круз изгледа ќе биде првиот вселенски турист, ако немаме пропуштено некоја информација за друг таков човек. Тој во соработка со NASA и Space X ќе полета на Crew Dragon капсулата, на Falcon ракетата од Space X и ќе престојува на Меѓународната Вселенска Станица.

Летот е одобрен и планиран за октомври 2021 година, а заедно со Том Круз и секако пилотите од NASA, ќе биде и режисерот на филмот којшто треба да се снима на МВС.

Повеќе информации поврзани со филмот нема, но уште е рано, а сигурно полека ќе почнат да излегуваат повеќе видови на информации.

Од NASA истакнуваат дека со вакви летови се надеваат дека ќе се зголеми популарноста на вселенските мисии, а со тоа и ќе ги инспирираат новите генерации на инженери и научници.

Инаку, Crew Dragon капсулата од Space X беше таа која се користеше за првото превезување на астронаути во вселената од страна на Space X, а и генерално од страна на приватна компанија. Тоа беше голем успех за компанијата на Елон Маск и генерално за американската вселенска програма која долги години зависеше од лансирање на екипаж со помош од Русија.