Samsung Galaxy Fold, првиот уред од Samsung којшто ја започнува револуционерната категорија на уреди кои се превиткуваат, ќе почне да се продава од крајот на овој и почетокот на идниот месец, зависно од регионот.
Не сме сигурни дали ќе биде достапен во Македонија и дали би имале шанса да го тестираме.
Затоа решивме да ви го пренесеме ова видео од порталот The Verge кои веќе имаа шанса да го пробаат Fold, па го пренесуваат нивното искуство.
Инаку, Galaxy Fold и сличните уреди од оваа категорија, ќе овозможат користење на уред со екран со големина на помал таблет компјутер, кој потоа ќе може да се превитка и лесно да се пренесува и користи како мобилен телефон.
Според мене ова ќе биде иднината на преносните уреди, а се очекува да се приклучат и компании како Microsoft со Windows 10.