Од неодамна најголемиот кинески производител на паметни телефони, најави лансирање на нов модел, во кој ќе се вградува новиот, ултра моќен Kirin 950 чип на компанијата и кој ќе има голем, 6 инчен дисплеј.
Новиот процесор треба да биде претставен на 5-ти ноември и како и многу од неговите конкуренти, ќе има осум јадра, од кои четири ќе работат на 2,4 Ghz и ќе се базираат на Cortex A72 архитектурата, додека другите четири штедливи јадра ќе се базираат на Cortex A57. Процесорот ќе биде помогнат од моќната Mali-T880 графика. Ова би требало да му овозможи најдобри резултати на бенчмарк мерењата помеѓу сите Android конкуренти, дури и од чипот на Samsung кој се вградува во новите Galaxy Note и S модели, Exynos 7420.
Покрај моќниот чип, Huawei Mate 8 ќе доаѓа и со 3 GB рам и 32 GB простор во основниот модел, односно 4 GB рам и 64 GB простор во поскапата изведба. Дисплејот ќе мери 6 инчи во дијагонала и ќе има резолуција од 2560х1440 пиксели, додека камерите ќе имаат 13, односно 8 мегапиксели. Како и секој кинески смартфон и Mate 8 ќе има “Dual SIM” можност, а ќе има и слот за micro SD картичка.
Huawei ја најави промоцијата на овој модел за 26-ти ноември, а според протечени информации, цената ќе изнесува 520 долари за основната, односно 610 долари за повисоката изведба.
Извор: GSM Arena (1) (2)