a-rumored-image-of-the-much-anticipated-microsoft-surface-phone-which-is-codenamed-as-project-juggernaut-alpha

Фановите на Windows Phone (наскоро Mobile) веќе подолго време се наежуваат на помислата на Surface телефон со Intel процесор, кој ќе може да работи и со стандардни Windows програми (Win 32). Според нови информации, ваквиот телефон би можеле да го видиме во првата половина на наредната година.

Surface Phone ќе биде првиот телефон во успешната линија на таблет/лаптоп хибриди на компанијата и ќе има Intel Atom процесор од најновата генерација, помогнат од 4 GB рам меморија и 128 GB простор за складирање податоци. Со ваквите компоненти и Continuum опцијата за Windows 10 Mobile, овој телефон би можел да се користи како целосен компјутер, со можност за работење и со стандардните Windows програми кои во моментов ги користите на вашиот лаптоп или десктоп.

Телефонот треба да има 5,5 инчен екран со резолуција од 2560х1440 пиксели и како и секој друг Surface производ, поддршка за дигитално пенкалце, а исто така и USB Type-C приклучок, со кој ќе можете да се поврзете со надворешен екран, со цел да работите на целосна десктоп околина. Surface Phone ќе биде насочен пред се кон бизнис корисниците, но со оглед на останатите можности, како камерата од 21 мегапиксели со Carl Zeiss оптика, може да се очекува да биде топло примен и кај приватните корисници.

Покрај Surface Phone, Microsoft е еден од првите производители кој работи на телефони со новиот Snapdragon 820 чип на Qualcomm. Овие модели ќе бидат веројатно наследници на Lumia 950/950 XL и ќе излезат во втората половина на наредната година, што значи дека лансирањето на Surface Phone нема да ја убие Lumia линијата на модели превземени од Nokia, барем не наскоро.

Извор: Techno Buffalo, Ubergizmo

Претходна статијаIon Belt – Ремен кој ви го полни телефонот додека ви ги држи панталоните
Следна статијаСо Toyota FCV Plus до развозување и напојување на целиот дом!