Скопје, април 2025 – Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ), со поддршка од компанијата Visa, објавува јавен повик во рамки на иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.3“. Оваа иницијатива веќе трета година по ред ги поддржува микро и малите претпријатија кои сѐ уште немаат започнато со онлајн продажба, овозможувајќи им бесплатно да отворат своја е-продавница и да ги унапредат своите дигитални вештини за е-трговија. 

Преку овој повик, ќе се изберат 20 микро и мали компании, кои ќе добијат:

  • Вредносен пакет од 1.000 евра за да отворат своја е-продавница 
  • Учество на еднодневен практичен и едукативен семинар „Сѐ за е-трговија“ ​​
  • Сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија
  • Можност за приклучување кон растечката заедница на домашни е-трговци во рамки на АЕТМ и дополнителна промоција на новите е-продавници.

За учество во јавниот повик, компаниите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се микро или мало претпријатие со седиште во С.Македонија
  • Да немаaт веќе активна е-продавница
  • Да не добиле поддршка во рамки на Vol. 1 или Vol. 2 или во некој сличен повик на АЕТСМ
  • Да доставaт комплетна и точна онлајн апликација

За да се пријавите треба да ја пополните онлајн апликацијата тука, најдоцна до 16.05.2025 до 23:59 часот. 

Изборот на компаниите кои ќе бидат дел од програмата за отворање на е-продавница ќе се одвива во месец мај 2025 година. Изборот ќе го врши комисија од експерти во областа на е-трговијата, според однапред утврдени критериуми наведени во повикот. Едукативниот семинар ќе се одвива еднократно, во текот на месец јуни 2025 година. 

Иницијативата не само што отвора нови можности за бизнисите, туку и придонесува за формализирање на онлајн продажбата, намалување на сивата економија и поттикнување на довербата кај потрошувачите во домашната е-трговија. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија – AETСM се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компани и нивно мотивирање за подобрување и унапредување на нивното работење поврзано со е-трговија. 

Инаку, во првите две изданија беа поддржани вкупно 35 компании, кои успешно ги отворија своите први е-продавници и денес активно продаваат онлајн.

Повеќе информации за јавниот повик може да се погледнат овде.

Претходна статијаOpenAI би го купиле Chrome од Google
Следна статијаInstagram ја пушти својата конкуренција на CapCut од TikTok