Фото: Shutterstock.com

Одборот на директори на Apple наводно ги има забрзано плановите за избор на наследник на директорот Тим Кук, па според информациите неговиот наследник можно е да биде назначен веќе идната година. 

Информацијата ексклузивно ја објавуваат Financial Times, а како можен наследник и тие го истакнуваат моменталниот виш потпретседател задолжен за инженеринг на хардверот, Џон Тернус

Во информацијата од FT, не е истакната причината зошто Apple го интензивира планирањето за наследник на Тим Кук, но се кажува дека причината не е поврзана со перформансите на компанијата. 

Ова не е чудно како заклучок, со оглед на тоа што на Apple им оди одлично, а Тим Кук покажа дека компанијата може успешно да функционира и без Стив Џобс, нешто за кое многумина без скептични. 

Од FT додаваат дека иако најверојатниот наследник на Кук е Тернус, сепак дефинитивна одлука не е донесеа. Мали се шансите одлуката да биде соопштена пред наредната објава на финансиските резултати во јануари, а овие најавени планови секако може и да бидат променети.