Фото: Shutterstock.com

Apple веќе им овозможува на своите корисниците можност за чување на нивните лозинки, како и креирање на нови, преку Passwords делот во Settings. Овие лозинки се синхронизираат преку iCloud Keychain, па им се достапни на сите Apple уреди кои ги имаат.

Passwords покрај лозинки, има поддршка и за генерирање на еднократни кодови за дво-факторска автентикација, а најново додадена е и поддршка за „passkeys“. Корисниците преку Passwords можат да добиваат известувања за небезбедни лозинки, за лозинки кои се дел од некој пробиен сервис, а од минатата година можат и да ги споделуваат со пријателите и семејството.

Според Марк Гурман, Apple планира овој дел од Settings да го направи како посебна апликација која исто така би била наречена Passwords. Ова би направило да корисниците многу полесно можат да ја видат оваа можност и да почнат да ја користат апликацијата, нешто што се препорачува за побезбедно корисничко искуство на интернет.

Апликацијата треба да биде најавена во понеделник во рамките на првиот ден од WWDC кога ќе бидат презентирани и новите верзиите од оперативните системи од Apple, односно iOS/iPadOS 18, macOS 15 и другите.

Passwords наводно ќе биде достапна и за Windows, па корисниците кои ги комбинираат своите уреди, ќе можат да продолжат да ги користат своите iCloud Keychain лозинки.

Инаку, како што е познато, WWDC 2024 во главно ќе биде насочена кон презентирање на функциите кои Apple планира да ги воведе со генеративна вештачка интелигенција и со тоа да се приклучи на овој веќе скоро две години стар тренд.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаHumane наводно се обидува да ја продаде компанијата на HP за 1 милијарда
Следна статијаФЕИТ преку проектот INITIATE ќе ја подобрува соработката со индустријата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.