Фото: Apple

Apple го најави одржувањето на нивната WWDC конференција уште при крајот на март. Истата оваа година ќе се одржува од 10 до 14 јуни, а како и секоја година за нас најважен е првиот ден, односно првата презентација.

Од компанијата сега ја објавија агендата за конференцијата, па го имаме и времето кога ќе се одржат сите презентации.

Таа што нас најмногу на интересира е првата презентација и истата ќе биде одржана со почеток во 19:00 часот по македонско време. На оваа презентација ќе бидат презентирани сите новини кои може да се очекуваат подоцна во годината, а се поврзани со iOS, macOS, iPadOS, watchOS, tvOS и visionOS.

WWDC 2024 привлекува големо внимание оваа година и на конференцијата се очекува дека Apple во голем дел ќе се насочи кон презентацијата на новите функции со генеративна вештачка интелигенција кои треба да ја приклучат компанијата на веќе не толку новиот тренд.

Според информациите кои ги имаме досега, Apple планираат голем дел од функциите да ги овозможат преку самиот уред, со што ќе ја истакнат приватноста на корисниците. За дел од функциите од компанијата развиваат нови сервери кои треба да работат на M2 Ultra чиповите, а за „четбот“ потребите тие наводно веќе имаат постигнато договор со OpenAI.

Се очекуваат и додатни новини кои не се поврзани со ВИ, па дефинитивно уште од сега се гледа дека WWDC 2024 треба да биде доста интересна конференција.

Конференцијата ќе може да се следи во живо преку страната на Apple, како и преку нивниот YouTube канал, а програмерите ќе можат да ги следат и останатите презентации преку Apple Developer страната и апликацијата.

ИЗВОРApple
Претходна статијаНаташа Божиновска Миркова: „Очекувањата на пазарот, не секогаш соодветствуваат со она што е моментално популарно во светот“
Следна статијаYouTube видеата прескокнуваат до крајот за корисниците кои користат блокирачи на реклами
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.