До пред некој ден се веруваше дека Apple нема да го одржи својот втор есенски настан, кој обично го одржува во октомври, по септемвриското претставување на нова генерација од iPhone.

Овој настан сепак ќе се одржи и истиот е закажан за 30 октомври, односно следниот понеделник и повторно ќе биде само онлајн, а ќе може да се гледа преку YouTube.

Настанот овој пат ќе започне нешто подоцна, односно по македонско време тој ќе се одржи утрото на 31 со почеток во 1 часот.

Иако како и секогаш, од самата покана не се знае што е тоа што треба да биде претставено, сепак анимацијата која го претвора Apple логото во иконата од Finder на Mac, ги потврдува гласините што може да се очекува.

Тоа што може да се очекува, ако ги сумираме сите гласини досега, се конечно нова верзија од iMac, како и нови MacBook Pro во сите верзии, односно 13, 14 и 16 инчи.

За жал, iMac се очекува да добие само освежување на 24 инчната верзија, а дури за идната година се најавува можно претставување на iMac Pro со 32 инчен екран.

Сите нови компјутери на настанот се очекува дека ќе дојдат со M3 чипот, кој тогаш за првпат би бил претставен.

Овој чип треба да е направен за првпат на 3nm технологија, а ќе биде интересно да се види колку понапред ќе отиде во споредба со претходната генерација, а посебно поради претставувањето на Snapdragon X Elite од Qualcomm.

Со овој чип од Qualcomm, Apple идната година може конечно да добие сериозна конкуренција од страна на Windows во делот со ARM чипови, а се најавува и можен влез на овој пазар од страна на Nvidia и AMD.

ИЗВОРApple
Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 8 Gen 3 со посебен акцент на генеративната вештачка интелигенција
Следна статијаПроКредит Банка, Кипу и Мастеркард обезбедија бесплатен коворкинг простор за поддршка на стартапите и фриленсерите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.