Microsoft дефинитивно се одлучи да го користи брендот Copilot за нивната генеративна вештачка интелигенција, па сега ова име ќе се користи и за оригиналната имплементација, на местото на Bing Chat.

Корисниците сега можат да пристапат до Copilot од посебна веб страна, што значи дека функцијата веќе нема да биде ексклузивно достапна преку Bing, иако останува за корисниците кои сакаат на тој начин да пристапат.

Веб страната https://copilot.microsoft.com/ ќе биде главното место од кое ќе се пристапува до „чет“ со вештачката интелигенција, а со ова се проширува и пристапот за корисниците од повеќе места.

Засега стои дека до оваа страна ќе може да се пристапи преку Microsoft Edge, Google Chrome, Apple Safari, а наскоро пристапот ќе биде овозможен и преку мобилните.

Copilot страната е иста како и Bing Chat, со различно лого само секако. Функциите се исти, па корисниците можат да ги постават своите прашања на ВИ која е базирана на GPT-4. Тука е и изборот за стилот на одговори, па во главно нема разлика од досегашното искуство.

За бизнис корисниците посебно се истакнува заштитата која се додава на податоците и комуникацијата, а тука е и поддршката за GPTs од OpenAI за креирање на посебни разговори зависно од потребата.

Copilot останува достапен како и досега вграден во Microsoft Edge и Windows 11.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаInstagram доби повеќе нови филтри за објава на слики, подобрувања кај Reels и уште неколку новини
Следна статијаMicrosoft ја претстави Windows App како централно место за менаџирање на сите сервиси и уреди во „облакот“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.