JAN_1

Како и секоја година, CES настанот оваа недела ќе се одржува во Las Vegas, поточно од 6-ти до 9-ти Јануари. На овој настан учествуваат сите големи компании од ИТ областа, а можат да се видат уште стотици други помали и средни компании кои што ги претставуваат своите иновации на светот. На овој настан може да се очекуваат производи од повеќе категории како што се паметните телефони, паметни домови и уреди, 3D печатење, безжични технологии, роботика, здравје, додатоци, сензори, видео и многу повеќе.

На Смартпортал ќе можете да прочитате за некои од најинтересните производи кои што ќе бидат претставени овие неколку денови. Тие производи за првпат се претставуваат на овој настан, што го прави навистина привлечен за следење, а компаниите како и обично веќе од минатиот месец почнаа со најава на некои од производите кои што ќе ги претстават.

На настанот може да се очекува претставување на нови паметни системи за автомобилите, нови монитори и телевизори со поголема резолуција и заоблени екрани, нови паметни телефони, нови лаптоп и десктоп компјутери и многу повеќе.

Сите статии поврзани со настанот ќе можете да ги следите преку следниот линк, односно ознаката CES2015.

Претходна статијаConnected Cycle – Паметни педали за велосипед
Следна статијаСпоред ново статистичко истражување, добивањето рак зависи повеќе од случајноста отколку од здравиот живот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.