Неофицијално информации најавуваат дека Google работи на интегрирање на ChromeOS во Android, а со тоа и замена на сегашниот систем за компјутери со Android.
Тоа би значело дека ChromeOS ќе ги добие сите предности од Android кои сега ги нема, а и обратно, Android ќе ги добие некои од важните функции за компјутерите кои ги има ChromeOS.
Како причина за оваа можна одлука се истакнува желбата да конечно подобро му се конкурира на iPad, таблет компјутер кој од своето претставување го држи првото место на пазарот.
Веќе можевме да прочитаме за тоа како Google планира да овозможи функција слична на DeX од Samsung со интеграција на ChromeOS во Android, па најновата информација личи дека тие имаат одлучено да не застанат тука, па да направат целосна комбинација на системите.
Дополнително, веќе гледаме подобрувања кај Android за поголемите екрани кои одат во правец на тоа дека од Google се обидуваат доста да го подобрат корисничкото искуство, па има логика да се очекува интеграција на функциите од ChromeOS.
Доколку интеграцијата ги задржи сите потребни функции од ChromeOS, корисниците мислам дека и нема да забележат огромна разлика, барем кај корисничкиот интерфејс на нивните лаптоп компјутери. Тоа што ќе биде подобрено е достапноста на функции и апликации, нешто што може да се каже дека до некаде го кочи ChromeOS да биде сериозна конкуренција на Windows и macOS, односно и на iPadOS.