ЦЦ Партнер, агенција за целосен маркетинг и креирање на е-решенија стана ексклузивен официјален партнер на веќе добро познатата е-платформа CloudCart. Партнерството има за цел да ги поддржи домашните бизниси и трговци преку креирање на професионални е-продавници или на мигрирање на веќе постоечки, без разлика на која платформа се (WooCommerce, Presta Shop, Magento, Shopify итн.) Нивното целосно решение нуди можност за професионална работа на самата платформа едноставно и без потреба од познавање на било која од технологиите за почеток на еден ваков бизнис од почеток.
Тоа што го прави CloudCart посебен е бројот на услуги кои се достапни, односно што се’ корисниците можат да направат при креирањето на продавницата, но и потоа во процесот на продажба, анализа, маркетинг и слично.
Некои од предностите вклучуваат силна партнерска мрежа, напреден маркетинг пакет со повеќе опции за оптимизирање на стапките на конверзија и квалитетна услуга за клиенти со посветени менаџери на е-продавниците.
Работата со CloudCart започнува со дизајнирање на продавницата, а истото се прави преку избор на не така мала листа на готови дизајни. Овие дизајни се целосно отворени, односно може дополнително да се изменат и прилагодат на потребите на корисникот.
За тие кои се сепак нешто повеќе запознаени со веб технологиите или ќе ангажираат помош, достапен е и пристап до кодот, односно може да се додава посебен код кој дополнително ќе направи персонализирање на страната.
Работата на дизајнот е преку принципот „drag and drop“, па од тука доаѓа и можноста секој да работи со платформата, без потреба од користење на код.

CloudCart има за цел да сите делови од работата со платформата се што повеќе едноставни, автоматизирани, а корисникот да се концентрира на неговата работа, а тоа е продажбата. Дополнително со оптимизација на маркетинг кампањи, може да се врши и сегментација на клиентите во 16 профили, а директниот маркетинг може да се реализира преку е-пошта, SMS и push известувања и скокачки прозорци, секој според своите потреби.
Преку платформата може да се направи интеграција со банките за наплата, со еден клик, анализа на продажбите, нивна промоција, а како главна карактеристика може да се истакне вештачката интелигенција.
Со помош на ВИ, корисниците добиваат личен асистент кој ќе им даде предлози како да ја подобрат продажбата, кој производ се продава подобро, кој не, кога треба да се контактира некој клиент и слично.
„Нашето ексклузивно партнерство со CloudCart ни овозможува да изградиме или мигрираме онлајн продавници на нашите клиенти на професионална платформа која е прилагодена на локалните потреби, поддржана дополнително од локални експерти. Обезбедуваме целосен екосистем на консултантски и дигитални услуги, преку нашите партнерски агенции и чинители, во текот на целата еволуција на продавницата, обезбедувајќи приспособливост и раст што ги одразува и амбициите на трговците и барањата на пазарот. ЦЦ Партнер е и член на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија“ – Герасим Андоновски, Генерален Менаџер на ЦЦ Партнер.
Вкупните продажби на платформата надминаа 300 милиони евра во 2022 година, а некои од најбараните услуги се првичното поставување на продавницата, креирањето на целна страница, UX/UI, миграцијата на продавницата и партнерските маркетинг услуги.
„CloudCart го доби првото место како „Најдобар стартап“ на Podium Pitching Competition во 2022 година и е номиниран како една од најбрзо растечките технолошки компании во ЦИЕ од Deloitte Technology Fast 50 во 2020 и 2021 година.
Компанијата доби средства од New Vision 3 (NV3), ITA Group Bulgaria, и Elevator Ventures (Raiffeisen Bank International) за развој на платформа и проширување на нови пазари во Централна и Источна Европа.“
Кои се некои од главните карактеристики на CloudCart?
НАЈВИСОКО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ:
Автоматски SSL сертификат, задолжителен GDPR за заштита на лични податоци, CloudFlare, заклучен backend код.
НАПРЕДНИ ПЛАТЕЖНИ СИСТЕМИ:
Плаќање при достава, сигурно онлајн плаќање и плаќање на рати
ПРИЛАГОДЕНО ЗА СИТЕ УРЕДИ:
Во денешниот свет на мобилни уреди, вашата продавница треба да блесне на секој уред. Паметни телефони, таблети и лаптоп/десктоп компјутери.
ЛОКАЛНО ДЕЈСТВО, ГЛОБАЛЕН ДОСЕГ:
CloudCart.com поддржува повеќе јазици, валути и даночни ставки, како и интеграција со меѓународни маркетплејс платформи: ETSY, OLX, EMAG, SKROUTZ – овозможувајќи ви да продавате секаде низ светот.
ВО СОРАБОТКА СО GOOGLE:
Искористете ги водечките технологии на Google во ваша полза. Најсигурен хостинг и автоматско индексирање на вашата web страна. Станете компетентни на пазарот преку Google оптимизирање со што вашата web страна се појавува на првите места при пребарување и доверба кај купувачите со White List (не може да отиде во спам и Black List).
МОЌНИ АЛАТКИ ЗА МАРКЕТИНГ:
Зголемете ја продажбата со нашите врвни маркетинг алатки. Автоматизирани кампањи за е-пошта, напредна оптимизација кои го зголемуваат органскиот сообраќај и автоматска интеграција со Facebook и Instagram. CC Partner гарантира дека преку развој со дигитални аудио-визуелни решенија, вашиот бренд и вашите производи се во центарот на вниманието и вие постигнувате неверојатни резултати.
УВИД ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ:
Донесувајте одлуки врз база на точни информации кои го надополнуваат вашиот раст. CloudCart.com обезбедува детални аналитики и извештаи кои ви откриваат што работи и што треба дополнително да се подеси. Овој пристап базиран на точни податоци ви овозможува да ги оптимизирате вашите стратегии, да ги усовршите вашите понуди и да останете пред конкуренцијата.
Креирајте ја вашата нова онлајн продавница преку CloudCart.