Од денеска, 26 септември, Microsoft ја пушта својата септемвриска надградба за Windows 11 која како главна новина ја има вештачката интелигенција која сега е интегрирана во системот преку Copilot.

Може да се каже дека дојде до мала забуна, па очекувавме дека оваа надградба е на верзијата 23H2, но сепак се работи за додавање на функции на 22H2, а наредната верзија може да се очекува во наредните неколку месеци.

Без разлика, оваа верзија е доволно голема за да го привлече вниманието на корисниците, а посебно на фановите на Microsoft.

Copilot, Microsoft неколку пати си игра со варијации од ова име, ја донесува генеративната вештачка интелигенција во Windows 11. На оваа новина може да се гледа и како на нова, модерна и доста подобра верзија од Cortana асистентот кој никогаш не успеа да добие доволно корисници.

Со Copilot, кој функционира како лента која се појавува на целата десна страна од екранот, корисниците можат да креираат текст, слики, да сумираат текст, да добијат објаснување за одреден текст, да разговараат со вештачката интелигенција, да го контролираат компјутерот и повеќе.

Оваа надградба донесува и уште неколку други новини. Тие вклучуваат работи како нов File Explorer кој сега е доста помодерен и по изглед и по функции, тука е и одлично преработениот нов Outlook, посебен дел за измена на Windows Backup функцијата, Taskbar Ungrouping, нов Volume Mixer, поддршка за „rar“ датотеки, поддршка за прилагодување на уредите со RBG осветлување, надградба на Widgets делот, подобрувања кај Paint помогнати од ВИ, како и кај Snipping Tool и Photos.

Од тоа што досега го најавуваше Microsoft, не остануваат уште многу повеќе работи да бидат пуштени со 22H3 верзијата, но надградбите овие 2-3 месеци можеме да ги сметаме како една поголема.

Како и секогаш, први надградбата ќе ја добијат корисниците кои самите ќе проверат за нови верзии преку Windows Update, а во деновите што следат постепено ќе им се пушта на корисниците со понови компјутери и тие кои има помали шанси да имаат проблем при инсталацијата. Во месеците што следат, надградбата ќе биде пуштена автоматски за повеќето корисници.

Со оглед на тоа што не се работи за промена во основниот код, корисниците кои ја користат верзијата 22H2, нема многу да го чекаат инсталирањето на оваа нова верзија.

Претходна статијаSamsung претстави „The Wall for Virtual Protection“ во Европа на саемот IBC 2023
Следна статијаШто донесува септемвриската надградба на Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.