Valve официјално ја пушти Counter-Strike 2 која од вчера веќе може да се инсталира, како надградба на претходната верзија или целосно од почеток за тие кои би сакале дури сега да ја пробаат.

Се работи за огромна надградба на една од најпознатите игри во светот, а разликата може да се забележи уште при самото вклучување на играта.

Надградбата, како и самата игра досега, е бесплатна, што значи дека од компанијата не го менуваат моделот на Counter-Strike.

Играта е достапна преку Steam апликацијата, од каде може да се инсталира новата верзија.

Листата на новини кај Counter-Strike 2 е голема, а тоа е очекувано со оглед на тоа што играта добива ваква надградба после 10 години.

Посебно може да се издвои многу подобрената графика, а посебно во делот на експлозиите, односно како изгледа чадот, движењата околу него и слично. Мапите се целосно преработени, движењето во самата игра, брзината на реакција по внесувањето на контролите од корисникот и многу повеќе.

Видеото во продолжение најдобро ја прикажува огромната разлика на играта во споредба со претходната верзија.

Претходна статијаУтре се одржува GAME ART @ SKOPJE – Предавања за уметноста во видео игрите
Следна статијаНајголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.