Shutterstock.com

Слободно може да се заклучи дека универзитетите постепено ја губат својата позиција во општеството како некогаш единствен и најдобар начин за стекнување со вештини кои потоа донесуваат до вработување и напредок.

Ова се случува не од причините кои се повеќе карактеристични за универзитетите во земји како нашата, а тоа е „дискутабилен“ квалитет и услови за студирање. Вистинската причина во светот е што условите на пазарот се менуваат, видот на работни места во време на интернет и технологија се доста променети, па голем дел од работните места бараат способности кои може подобро да се стекнат на друг начин, а не со четири години одење на некој универзитет.

На тоа треба да се додаде и критиката кон универзитетите дека студентите ќе поминат четири години од својот живот, за да кога ќе излезат не се доволно спремни за практична работа, поради начинот на којшто е поставен образовниот процес во овие институции, па тие ќе треба да поминат обука од работодавачот, иако четири години учеле нешто за таа работа.

Се повеќе луѓе се стекнуваат со вештини преку одредени курсеви кои траат од еден месец до цела година и се конкретно направени за таа една вештина која им е потребна. Се поретко се поставува прашањето каде некој студирал, ако тој човек е способен добро да ја заврши побараната работа, а ова посебно е случајот со онлајн работите.

Во САД голем број на компании за дел од своите работни места веќе не бараат од апликантите да имаат диплома од факултет. Тие ги признаваат и курсевите кои ги имаат завршено.

Во главно остануваат областите како медицина, инженерство и слични, каде долгогодишното образование е незаменливо, но ова секако може лесно да се замисли дека не важи за програмирање, веб дизајн, проект менаџмент и слични.

Google минатиот месец ја започна својата нова програма „Google Career Certificates“ која ќе трае по шест месеци и ќе овозможува обучување на луѓе во три области: анализа на податоци, проект менаџмент и дизајн на корисничко искуство.

По завршувањето на обуките, кои ќе чинат многу помалку од универзитетска диплома, луѓето кои добиле сертификат ќе можат да аплицираат за работни места исто како да имаат диплома. Покрај тоа што од Google ќе ги примаат апликантите на овој начин, доста други компании ќе ги признаваат овие сертификати како Google.

Ова се истакнува дека е и доста важно во ова време на пандемија кога огромен број на луѓе во САД ги имаат изгубено своите работни места, па обука и барање на нова работа е доста важно.

Исто така, кога име како Google почнува вакво нешто и стои зад ваков концепт, јасно е во кој правец се движат работите, а јасно е и дека се поголем број на компании ќе го прифаќаат овој начин на барање на вработени.

Покрај ова, се препорачува и компаниите кои се во можност, да започнат сопствени програми за обука за одредени области, па наместо да се бараат дипломи, да се вработува според проценка на карактерот, а вештините дополнително да се стекнат.

ИЗВОРInc
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаФилмски класици на Pickbox NOW
Следна статијаФИТР: Презентација на 28 предлог – проекти за справување со климатски промени О2/2
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.