Како што тмурните есенски денови се сé почести, така и сé повеќе избираме слободното време да го поминеме дома, на топло, опуштени со книга или пред телевизор. Доволен е само еден поглед од прозорецот кон есенскиот дожд со ветер и помислата на новите серии на Netflix и HBO, за да почнат да ви се вртат наслови во главата од новите трендовски мини-серии за совршено бинџање за престојниот викендот. Нај-ин е сега серијата Task – сите зборуваат за неа и дефинитивно е на must-see листата, а и последната сезона од Diplomat која излезе месецов, едвај чекате да си ја пуштите. Што попрво? И уште кога ќе помислите дека сите овие содржини можете да ги гледате на нов best of the best телевизор, возбудата почнува да расте.
Телевизор кој ќе ја претвори секоја слика и секој кадар во вистинска уметност е новиот Samsung Neo QLED QN990F 8K. Дизајнерско совршенство од елеганција и луксуз кое ви гарантира комплетно отсуство на отсјај или каква било рефлексија и светлосни пречки на екранот. За тоа се грижи Glare Free технологијата – секој момент на екранот да остане чист, дури и во најсветли простории, со светла, остра и беспрекорна слика. Со својот Infinity Air дизајн, телевизорот изгледа како да лебди на ѕидот, а големината од 85 инчи го создава автентичното кино искуство дома.
Како што се менуваат сцените на екранот, така вашето чувство е како да сте таму, во центарот на збиднувањата. Со Quantum Dot технологијата, боите оживуваат, стануваат живописни, прецизни и без кадмиум, со луксуз во секој тон, создаден со совест и перформанси без компромис. А за звукот кој ја раскажува приказната се грижат технологиите AI Mode и Adaptive Sound Pro создавајќи аудио искуство што се прилагодува на просторот и содржината. Гласовите се кристално чисти, музиката длабока, ефектите моќни – искуство што ве обвиткува од сите страни.
Замислете само какво ќе биде доживувањето на гледање на финалето на глобалниот мега-хит Stranger Things кое со нетрпение го очекувате во ноември. Токму така, оваа есен е создадена за вистинско уживање во филмската уметност од дома. Само треба да му препуштите на Samsung Neo QLED QN990F 8K да се погрижи за тоа.
Но, не застанува тука изборот: ако преферирате уште поголем екран, Samsung го нуди својот супер-голем 98-инчен Neo QLED QN990F 8K Samsung Vision AI Smart TV. Вистинската магија ќе ве обземе уште на првиот кадар и вие сте веќе нурнати во филмот.

Фантастична промоција на Samsung телевизори
Сега е вистинскиот момент за нов Samsung телевизор од 65 или повеќе инчи, бидејќи Samsung нуди промотивна понуда со која, со секој купен добивате уште еден телевизор Full HD Smart TV од 24 или 27 инчи на подарок, идеален за детското катче или за работната соба. Промоцијата е од временски карактер и трае до 9 ноември. Повеќе детали можете да прочитате тука.
Neo QLED QN990F 8K – есен што се гледа со сите сетила.
Бидејќи оваа есен не е само време за гледање, туку за доживување. Со Neo QLED 8K, секоја вечер станува премиера. Секој момент – сцена од твојот личен филм.


















