Фото: Shutterstock.com

Неколку недели по блокадата на договорот помеѓу Microsoft и Activision Blizzard од страна на CMA од Обединетото Кралство, оваа недела Европската Комисија даде зелено светло за истиот.

Ова значи дека за Microsoft главни пречки остануваат CMA, но и американската FTC кои својата негативна одлука за договорот ја донесоа при крајот на минатата година.

Одобрувањето на договорот од страна на Европската Комисија доаѓа со услови кои треба да се запазат, а од Microsoft веќе ги имаат дадено своите гаранции и насоки.

Во основа, главниот проблем кој е посочен е истиот поради кој договорот е блокиран од страна на CMA. Најголемиот ризик за негативно влијание на пазарот е во делот на сервисите за стриминг на игри, каде Microsoft моментално има најголем удел.

Како решение за ова Европската Комисија бара од Microsoft да во наредните 10 години овозможи бесплатни лиценци за игрите од Activision Blizzard за корисниците, но и за компаниите кои нудат сервиси за стриминг на игри.

Со ова треба да се постигне ситуација каде корисниците кои еднаш ја имаат купено играта, можат да ја играат на било која платформа, односно истата да не биде достапна само на PC или на конзолите од Microsoft.

Од Комисијата заклучуваат дека Microsoft не би имале причина да не ги овозможат игрите на Sony PlayStation, играчка конзола која моментално е првата во светот, доста пред Xbox од Microsoft.

Дополнително, дури и Microsoft да се одлучат да не ги овозможат игрите од Activision Blizzard на конзолата од Sony, нивниот голем пазарен удел би овозможил да не дојде до нарушување на конкурентноста на овој пазар.

Поради фактот што Activision Blizzard моментално не ги нуди своите игри на повеќе сервиси за стриминг на игри, купувањето на компанијата од страна на Microsoft ќе ја подобри оваа ситуација.

Оваа одлука од Европската Комисија може доста да помогне во жалбите кои Microsoft ќе ги поднесува до другите регулаторни тела и можноста да ги промени нивните одлуки.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Европска Комисија
Претходна статијаWhatsApp овозможи заклучување на разговорите за дополнителна заштита на приватните пораки
Следна статијаСкопје е домаќин на меѓународна конференција за урбана отпорност и подготвеност за земјотреси
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.