Сигурно повеќето од вас имаат забележано мала разлика во логото на Facebook, па можеби и се прашувавте дали воопшто има некоја разлика или на вас така ви изгледа.
Ова е така пореди тоа што промените се толку мали, доста од корисниците може и нема да ги забележат. Главната разлика е кај логото на мрежата, а тоа останува исто. Главната разлика е во бојата, која сега е во потемна, односно похрабра како што истакнуваат од компанијата. Со промената исто така тргнато е прелевањето на бојата, па сега цела површина на логото е во иста нијанса.
Уште помала промена има во самата буква која е малку проширена на страните, а намалена е и заобленоста на горниот дел.
Од компанијата најавија дека оваа промена на бојата ќе може да се забележи во сите верзии од логото, без разлика дали е во форма на икона и целосно.
„Нашата намера беше да создадеме освежен дизајн на логото на Facebook што ќе биде похрабро, електрично и долготрајно. Секоја од препознатливите, нови усовршувања создава поголема хармонија низ целиот дизајн како клучен елемент на идентитетот на апликацијата. Ова го направивме со инкорпорирање на посигурен израз на основната сина боја на Facebook, која е изградена да биде визуелно попристапна во нашата апликација и обезбедува посилен контраст за „f“ да се издвојува.“ – истакнаа од Meta.
Промена, односно освежување на боите има и кај реакциите на објавите, па истите се сега поистакнати, поживи, а од Meta истакнуваат дека се и во рамките на правилата за пристапност.
Facebook останува една од најпопуларните мрежи и покрај зголемената популарност на Instagram и TikTok, а посебно кај помладите корисници. Од компанијата истакнуваат дека бројката на дневни активни корисници е 2 милијарди.