Скопје, 23 февруари 2026 година – Компанијата „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави продолжување на експанзијата на „Galaxy AI”, зајакнувајќи ја својата визија за богат, отворен и интегриран екосистем со повеќе агенти. Изграден околу идејата на „Samsung” за вештачка интелигенција која го намалува напорот и бројот на чекори при извршување на секојдневните задачи, „Galaxy AI” е дизајниран да им помогне на корисниците да ги завршуваат работите поприродно, со поголем избор, флексибилност и контрола.
Неодамнешните сознанија покажуваат дека луѓето сè почесто користат повеќе агенти со вештачка интелигенција во зависност од задачата и таа станува дел секојдневните рутини. Речиси 8 од 10 корисници сега се потпираат на повеќе од два типа агенти со вештачка интелигенција. Како одговор на овие промени, „Samsung” го развива „Galaxy AI” за да поддржи селекција на интегрирани агенти, овозможувајќи им на корисниците да изберат искуство кое е најдобро според сопствените потреби и секојдневните рутини.
„Galaxy AI” е создаден за да донесе значајна вештачка интелигенција директно во оперативниот систем, преку длабока интеграција на ниво на самата системска структура на уредот. Наместо да работи во рамките на поединечни апликации, „Galaxy AI” функционира на системско ниво, разбирајќи го контекстот на корисникот за да овозможи поприродни интеракции.
Овој пристап ја намалува потребата од постојано префрлање помеѓу апликации или повторување на истите команди, овозможувајќи му на „Galaxy AI” да работи во позадина. Исто така, му дозволува на „Samsung” да одбира и вградува искуства од надворешни услуги, како што е „Perplexity”, истовремено обезбедувајќи сè да изгледа беспрекорно интегрирано во „Galaxy” опкружувањето.
„Посветени сме на градење отворен и инклузивен, интегриран екосистем со вештачка интелигенција, кој им дава на корисниците поголем избор, флексибилност и контрола за брзо и лесно извршување на сложените задачи“ – изјави Вон-Џун Чои (Won-Joon Choi), Претседател, Главен Оперативен Директор (COO) и Раководител на Одделот за Истражување и Развој (R&D) во секторот за мобилни искуства (Mobile eXperience – MX) на „Samsung”. „Galaxy AI делува како главен диригент, обединувајќи различни форми на вештачка интелигенција во едно единствено, природно и кохезивно искуство“.
Како дел од ова проширување со повеќе агенти, „Samsung” ќе го воведе „Perplexity” како дополнителен „AI” агент на претстојните водечки (flagship) Galaxy уреди. Корисниците ќе можат да пристапат до „Perplexity” преку посебна гласовна команда, „Hey Plex“, или преку контролите за брз пристап, како што е долгото притискање на страничното копче, овозможувајќи брз пристап до релевантна помош токму тогаш кога ви е најпотребна. Длабоко вграден во избрани апликации на „Samsung”, вклучувајќи ги „Samsung Notes”, „Clock”, „Gallery”, „Reminder” и „Calendar”, како и во одредени надворешни апликации, „Perplexity” агентот со вештачка интелигенција овозможува полесно извршување на сложени задачи, дозволувајќи им на корисниците лесно да преминуваат од една задача на друга, без потреба да ја отвораат секоја апликација посебно. Овој пристап на ниво на целиот систем им нуди на корисниците на „Galaxy” побогато и послободно искуство со вештачката интелигенција на целиот уред.
Додека „Samsung” продолжува да го проширува својот инклузивен екосистем со вештачка интелигенција, делумно преку соработка со доверливи партнери, компанијата останува фокусирана на овозможување искуства кои се лесни за користење и достапни за сите. Дополнителни детали за поддржаните уреди и искуства ќе бидат објавени наскоро.

„Samsung“ ги повикува корисниците и сите заинтересирани да се регистрираат на samsung.com/unpacked за да бидат меѓу првите кои ќе ги откријат сите претстојни новости и ќе имаат пристап до ексклузивни поволности пред почетокот на „Galaxy Unpacked” настанот кој ќе се одржи во среда, на 25 февруари 2026 година. Дополнително, сите заинтересирани од Македонија кои ќе се регистрираат на линкот пред 25. февруари, при купување на еден од новите Galaxy уреди кои ќе бидат претставени подоцна во месецот, ќе добијат подарок „Samsung“ магнетен безжичен полнач од 25W.









































