1 февруари со недели е неофицијалната дата кога Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан на кој ќе ја претстави Galaxy S23 серијата. Сега конечно оваа дата е официјално најавена од страна на компанијата, па за три недели ќе ја видиме новата генерација од Galaxy S серијата.
Настанот ќе се одржи во Сан Франциско, првпат со физичко присуство после три години. Како и секогаш, ќе може да се гледа во живо преку страната на Samsung, односно преку нивниот YouTube канал. Почетокот на настанот е во 10 часот наутро по локално време, односно 19:00 часот по македонско.
Galaxy S23 серијата е можеби најважната изминатите години за која едно од главните поголеми промени и очекувања го вклучуваат Snapdragon 8 Gen 2 чипот кој оваа година Samsung треба да го користи како единствен достапен за корисниците, односно во целиот свет. Ова е доста важно за нашата земја, а ние како корисници конечно ќе го добиеме најдоброто што е можно кога се во прашање перформансите.
Што се однесува до останатите промени, не се очекуваат многу, ќе има мал редизајн во главно на задната страна, тука се стандардните годишни подобрувања кај камерите, кај Ultra моделот со 200 мегапиксели.
За неколку надели ќе ги имаме сите информации, па очекуваме Samsung оваа година да продаде рекорден број на уреди.
