Ако имате единствен стил и се разликувате од другите, ако отсекогаш ве привлекувале несекојдневни работи и ако ваша карактеристика е размислување надвор од рамката, тогаш не пропуштајте да обрнете внимание на новиот Samsung телефон на преклоп Galaxy Z Flip5, и тоа не било кој, туку оној со ментол зелена боја.
Иновативноста на овој телефон во поглед на дизајнот и перформансите се во комплетна синергија со оваа боја прикажувајќи го на еден начин како уред од иднината кој, кога преклопен, доаѓа како во „мало пакување“ со јасна порака: less is more! Но, не мора да значи дека само ова боја ќе ве восхити. И останатите три бои – графитна, лаванда и крем, внимателно се одбрани за да совршено одговараат со овој револуционерен уред.
Совршен дизајн и огромна употребливост на надворешниот екран
За сите оние кои не сакаат постојано со себе да носат голем телефон, извонредното решение кое ни го носи Galaxy Z Flip5 телефоот се состои во тоа што надворешниот нов Flex Window екран – оној што ќе го користите кога телефонот ви е преклопен – е всушност најголемиот надворешен екран од било кој Galaxy Z Flip телефон досега, со зафатнина од 3,4 инчи измерено дијагонално.

Со оваа карактеристика ќе можете скоро сé што правите на вашиот телефон, да го правите од надворешниот екран без да имате потреба да го отворате. Кога е затворен Galaxy Z Flip5 нуди повеќе можности од кога било досега. Преку Flex Window ќе можете брзо и лесно да пристапите до важните информации: лесно ќе го проверувате времето, ќе ја контролирате репродукцијата на музика за да ги слушате омилените песни со помош на Media Controller функцијата, како и да ги следите најновите ажурирања на глобалната берза преку додатокот Google Finance доколку тоа ве интересира. Со еден поглед ќе можете да ги прегледате сите графички контроли, додека истовремено се префрлате од една во друга со активирање на функцијата Multi Widget View.

Без да треба да го отворате уредот, можете да ја прегледате историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура и приказ на историја на повици. Дополнително, Flex Window надворешниот екран можете во целост да го прилагодите кон вашата личност и стил со помош на големот избор помошни програми, тапети за видеозаписи, лицата на часовникот, стилови и уште многу повеќе.
Но, не е надворешниот екран дизајниран со карактеристики само за овие функции. Тој нуди и мноштво новитети со неговите камери. Сметајте дека ќе можете да правите феноменални, висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, или пак да снимате импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, а со режимот Flex ќе можете брзо и лесно да ги гледате и уредувате снимените или сликаните содржини. Лесно ќе можетеда прегледувате, да го прилагодите тонот на бојата или да бришете слики на екранот Flex Window користејќи ја опцијата за брз преглед. Кога фотографирате пријатели, Dual Preview им овозможува да се гледаат на екранот Flex Window, каде што можат да направат прилагодувања во реално време за совршени снимки. Со Super Steady стабилизацијата на камерата, снимките во движење ќе ви станат најомилени, додека со Auto Framing, никој нема да биде исклучен од фотографијата.
Со подобрени решенија за вештачка интелигенција, со леснотија ќе додавате живот во секоја фотографија, а вашата креативност ќе биде поттикната дури и во услови на слаба осветленост. Дополнително подобрените можности за Nightography ќе ги оптимизираат фотографиите и видеата во услови на амбиентално осветлување. Алгоритмот за обработка на слика (ISP) со вештачка интелигенција го коригира секој визуелен шум што може да настане на фотографиите направени во услови на слаба осветленост, истовремено подобрувајќи ги деталите и тонот на бојата, при што фотографиите уште од далеку изгледаат многу појасни со дигиталниот зум од 10x.
Кога се стилови во прашање, Galaxy Z Flip5 е многу конкретен. Затоа, со него може да ви се случи само љубов на прв поглед!
Galaxy Z Flip5 е веќе достапен кај нас, заедно со неговиот неговиот партнер серијата Z – Galaxy Z Fold5, кој пак може повеќе да одговара на оние кои во своето секојдневие имаат повеќе професионални обврски, бидејќи кога е расклопен тој може да замени таблет, па дури и лаптоп.
Заедно со лансирањето на овие нови Foldables телефони, Samsung ги претстави и најновите модели на паметни рачни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic со подобрени перформаси за следење на вашите спортски активности, одржување здрав начин на живот и здрав сон, како и новата Galaxy серија таблети – Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra како одлични уреди кои можата ви бидат замена за вашиот компјутер или лаптоп, особено ако вашето секојдневие ви налага постојано да бидете во движење. Не зборавајте да ги погледнете и овие уреди и сите придобивки кои тие можат да ви ги понудат.
Повеќе информации за новите производи од серијата Galaxy прочитајте на:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/