Кога порано размислувавме за иднината и развојот на технологијата и тоа какви ќе бидат мобилните телефони, ни најмалку не го очекувавме изненадувањето кое ни го приреди Samsung.

Новиот паметен телефон Galaxy Z Fold3 5G ги надмина очекувањата дури и на оние со најлуда и најфутуристичка фантазија. Луѓето кои веќе го користат сведочат за неверојатното искуство од кое не би се откажале никогаш.

За луѓе со стил

„Ова е телефон кој е направен со многу стил за луѓе со стил, каде е посветено огромно внимание на деталите, како и материјалите од кои е изработен (да не заборавиме ова е првиот водоотпорен телефон на преклоп во светот).“ –вели Бојан Гиевски економист, љубител на убава фотографија и еден од најпознатите македонски инфлуенсери.

Неговиот дизајн на прва ве одушевува, буквално ве остава без зборови, неговата софистицирана заобленост кога телефонот е преклопен и стои самостојно исправен, благодарение на Flex режимот е нешто што досега не можевме да го замислиме со другите мобилни уреди.

„Кога прв пат имав можност да се запознам со новиот Samsung Galaxy Z Fold3 навистина не знаев што се ме очекува освен што бев воодушевен од неговиот дизајн и неверојатната изведба“ – раскажува Бојан за првиот  впечаток- „ кога го вклучив, ме освои предниот 6,2-инчен преклопен екран.“

За луѓе со динамичен живот

Infinity Flex екранот се осветлува и не дозволува ништо да ви попречи во гледањето на омилениот спортски натпревар или серија и тоа со помош на Dolby Atmos и стерео звучниците. Можете да го користите за работа, буквално нема да имате потреба од лаптоп, а истовремено можете да се опуштате гледајќи серија или играјќи игри и тоа со брзина на освежување од 120Hz, појасна и побрза слика во секој момент. Можете  да разговарате, а истовремено со S Pen да пишувате порака или проверувате маил, па дури и да фотографирате.

„Мултитаскинг опцијата многу ми помага во организација на моето време, а и ми ја зголеми продуктивноста и ми го скрати времето за кое ги завршувам моите обврски бидејќи овозможува да се работи на три апликации истовремено. Го користам и за работа, каде ми овозможува да сум лесно достапен, но и да следам телеконференции каде и да сум, а го користам и приватно за гледање филмови и серии, бидејќи големиот екран дава извонредна прегледност. “ – открива Бојан.

За луѓе со фотографско око

Кога станува збор за фотографија и видео Galaxy Z Fold3 5G  е телефон со пет камери, секоја одделно со извонредни перформанси за чиста и јасна слика со дополнителни додатоци на камерата. Бојан важи за човек со изострена фотографска естетика, секогаш осмислена композиција и способност за визуализација на приказната до перфекција. Оттука телефонот кој можете да го ставите во џеб, а дава фасцинантната чистина на сликата и бои на ноќните фотографии како да носите целосна професионална опрема со вас, смета дека претставува поместување на границите.

„Од моето досегашно искуство со телефоните на Samsung Galaxy можам да кажам дека бев задоволен, но со Z Fold3 не се споредува ниеден, едноставно овој телефон нема конкуренција кога станува збор за фотографија и видео. Пет различни камери на три различни места, имам слободата да работам без раце со Flex режимот а тоа ми ја буди креативноста и ме прави среќен. Некои од најубавите слики на мојот Инстаграм профил се од моите патувања и се радувам што Galaxy Z Fold3 5G ми овозможува да го доловам секој детаљ и буквално да го зачувам магичниот момент“ – вели Бојан.

За луѓе кои сакаат да не се грижат за безбедноста

Galaxy Z Fold3 5G е првиот водоотпорен паметен телефон на преклоп во светот, оценката IPX8 значи дека може слободно да го користите и кога врне.

Samsung Knox кој е вграден и во хардверот и софтверот на телефонот, со дополнителен безбедносен слој ги чува податоци и приватноста на корисниците.

Претходна статијаSamsung на SDC21 конференцијата презентираше решенија за нова ера на мрежно искуство
Следна статијаА1 Македонија со нов салон во East Gate Mall и со ексклузивна промоција за посетителите