Shutterstock.com

Асоцијацијата поврзана со Chromebook уредите најчесто е со просечен или слаб уред, кој има ниска цена и во главно се користи од страна на образовните институции и студентите. Сепак, овие уреди кои работат на Chrome OS од Google не се секогаш во таа категорија, па има и такви кои се доволно добри и за нешто посериозна работа, па дури и игри.

Ова посебно стана точно по воведувањето на можноста за инсталација на Android апликации, како и Linux апликации.

Според неофицијалните информации од 9to5Google, од компанијата планираат да ги издвојат ваквите уреди, односно посилните, во посебна категорија која ќе биде означена со посебна ознака.

Ознаката ќе биде „X“, односно овие уреди ќе бидат означени како „Chromebook X“ и со тоа корисниците лесно би требало да ги препознаат подобрите Chromebook лаптоп и таблет компјутери.

Како подобри компјутери ќе се сметаат тие кои ќе имаат повеќе RAM, поквалитетна камера, како и подобар екран. Од достапните информации сепак се гледа дека иако и процесорот ќе биде фактор, тој нема да се бара да биде од највисоката класа. Ова значи дека Chromebook X ќе ги означува компјутерите кои се квалитетни и овозможуваат подобро корисничко искуство, но тие не мора да бидат во конкуренција со уредите од 1000 евра и нагоре.

Chromebook X компјутерите би имале и посебна ознака при нивното вклучување, а се очекува дека ќе имаат и одредени ексклузивни софтверски функции како што се преводи во вистинско време, функции за камерата, позадини кои се менуваат зависно од периодот од денот и слично.

Се очекува дека Google ќе ја најави оваа нова категорија на компјутери до крајот на годината, а според најавите тие не планираат да претстават нивни уреди, односно ќе продолжат со досегашниот концепт на соработка со другите производители.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаПроКредит ја обнови платформата “Школа за новинари” – првиот настан со фокус на ESG концептот
Следна статијаInstagram овозможи симнување на јавните Reels видеа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.